Матиц Скубе победи во велеслалом на Шар Планина

Од:

Словенецот Матиц Скубе со резултат од 2 минути 5 секунди и 58 стотинки е победник на велеслаломската трка која денеска се возеше на патеката Орлово на Попова Шапка, каде што викендов се одржува 40. Шарпланински куп.

Неговиот колега од словенечката скијачка репрезентација Миха Кернер со резултат од 2 минути 6 секунди и 34 стотинки го освои второто место, додека првопласираниот во првата трка, репрезентативецот на Бугарија Никола Чонгаров, го освои третото место по двете трки со резултат 2 минути 6 секунди и 54 стотинки.

Најуспешен натпреварувач од Македонија е Дардан Дехари со резултат од 2 минути 9 секунди и 76 стотинки. Според Дехари, тој направил грешка во второто возење уште на стартот и поради тоа не го повторил минатогодишниот резултат кога бил третопласиран во велеслаломот. Снегот е мек и поради тоа е подобро подоцна да се стартува затоа што има многу дупки на патеката.

Скубе изјави дека дошол да победи и денеска и утре, односно да биде севкупен победник.

Задоволен е од тоа како ја извозил патеката која со оглед на времето е мека, меѓутоа организаторите вложиле голем напор да овозможат натпреварите да се одржат во најдобар ред.

– Првпат сум на Шапка и ако можам ќе дојдам и следната година, рече Скубе.

Натпреварите на 40. издание на Шарпланинскиот куп завршуваат утре со двете слаломски трки на патеката Езерино по што ќе се знае и севкупниот победник кој, меѓу другото, како награда добива и куче „шарпланинец“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ