Шефот на унгарската полиција Јанош Балог најави дека од утре на границата со Србија ќе бидат стационирани илјада унгарски војници, под команда на полицијата.
– Војниците, заедно со своите колеги од Србија, ќе работат на обезбедување на границата поради зголемениот притисок од нелегалната миграција, рече Балог.
Тој на прес-конференција во местото Реске, на границатасо Србија, истакна дека полицијата минатата година спречувала околу сто мигранти неделно, а годинава тој број е дуплиран.
– Од 1 јуни до крајот на август, вкупно илјада војници ќе ја извршуваат должноста на српската граница под команда на полицијата, изјави командантот на Унгарската војска, Ференц Кором.