Уапсен кумановецот кој ја избоде сопругата

Од:

Скопската полиција го уапсила 27-годишниот М.Д. од Куманово, кој вчера утро со нож, 20 пати ја избодел сопругата по целото тело, а потоа ја ранил и нејзината мајка.

Од полицијата известија дека М.Д. бил баран 24 часа и денеска им е предаден на судските истражни власти, бидејќи е осомничен за кривично дело убиство.

Лекарите од скопскиот Ургентен центар велат дека 20-годишна сопруга на уапсениот кумановец не е стабилна, но, се надеваат бидејќи таа е млада и здрава, ќе успее да закрепне.

Инцидентот во кој А.Д. е ранета се случи вчера во домот на нејзините родители. Таа дваесет пати со нож, од кои најголем дел од убодите се во градите ги задоби од нејзиниот седум години постар сопруг.

Нејзината мајка пак, уште е на лекување во кумановската болница. Причина за големиот инцидент кој се случил во населбата Доброшане, велат од полицијата е караница меѓу двајцата сопружници.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи