Почетниот удар на големото француско дерби меѓу ПСЖ и Марсеј ќе го изведе легендарниот бразилец Роналдо.
Двократниот освојувач на „Златната топка“ никогаш во својата кариера не настапувал во Франција, но „светците“ на овој начин се решија да му одадат признание за се што сторил бразилецот во кариерата.
Роналдо ќе биде третиот легендарен спортист кој ќе има чест да отвори еден натпревар на ПСЖ, по тенисерот Рафаел Надал и кошаркарот Тони Паркер.
Исто така Роналдо ќе има можност да се сретне со својот поранешен соиграч Дејвид Бекам, од кој се очекува да дебитира на овој меч.