„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Велика Британија

Од:

Агенцијата за рејтинг „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Велика Британија од максималниот ААА на АА1.

– Кредитниот рејтинг на Велика Британија е намален поради „замрените“ перспективи на растот на британската економија и „високиот и растечки товар на долгот“, се истакнува во соопштението од „Мудис“.

Но, агенцијата наведува дека и покрај намалувањето на кредитниот рејтинг кредитоспособноста на Велика Британија останува „исклучително висока“, а перспективата е стабилна.

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн посочи дека намалувањето на кредитниот рејтинг е „јавна опомена за проблемите со долгот, со што се соочува земјата“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство