„Од сон на јаве“ – самостојна изложба на Иван Серафимов

Од:

Во Кинотеката вечер од 19 часот ќе биде отворена прва самостојна изложба на Иван Серафимов, насловена „Од сон на јаве“, која ќе може да се посети до 2 јуни.

Македонската народна носија го поттикнала да ја пренесе на дрво како слика. Црта пафти и ги украсува со копаничење и акрилни бои. Пред 30 години почнал да изработува касели – дел македонската семејна традиција за носење на невестинскиот чеиз, а предизвик за неговите слики е и богатата македонско-црковна орнаментика.

Иван Серафимов (Скопје, 1943) учествувал во формирањето секција за уметничко домашно ракотворење во Здружението на занаетчии во 2001 година и бил прв претседател. Како член на АТА, а потоа и на МАТА, учествувал на групни презентации во повеќе градови во земјава, како и во Сараево и Букурешт.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска