ВМРО-ДПМНЕ: Кој е пратеникот од власта чиј син вчера учествуваше во насилен инцидент во угостителски објект?

Од:

„Кој е пратеникот од власта чиј син вчера учествуваше во насилен инцидент во угостителски објект? Кој се чувствува толку моќен среде бел ден во ресторан да дели правда и да го нарушува јавниот ред и мир? Каде била полицијата, зошто не интервенирала и зошто МВР го премолчи инцидентот?

Дали насилството се прикрива само затоа што таткото е коалициски партнер на Заев?

Со СДСМ на власт криминалот царува, а нерасчистени убиства, кражби и физички пресметки станаа секојдневие во Република Македонија. Власта и МВР наместо да го одржуваат редот и мирот во државата, тие соучествуваат во криминалот.

Вчерашниот не е прв случај во кој учествува син на функционер кој властите се обидуваат да го сокријат. Пред само два месеци медиумите објавија дека син на виш полициски советник на Оливер Спасовски избоде полициски службеник во Марино, а насилникот уште е на слобода.

Пратеник јавно призна дека сторил кривично дело, а пријава се уште нема. Вицепремиер и заменик министер прават сообраќајни прекршоци и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, а МВР не реагира.

Партиски функционер се закануваше на командирот на ПС Велес, а МВР на Спасовски молчеше и го криеше случајот. „Пајак“ нападна полицајка кај Мавровка, а Спасовски и МВР повеќе од година дена не можат да обезбедат докази додека снимките мистериозно исчезнаа.

Власта ослободи над 800 затвореници кои сега слободно дивеат по улиците. Убиецот на Мартин Јанушев се уште шета на слобода, а на слобода се убијците кои среде Скопје на Рузвелтова пукаа со калашникови и одзедоа два човечки животи.

Граѓаните со СДСМ повеќе не се чувствуваат слободни ниту во своите домови и стравуваат за своите животи и животите на нивните деца. СДСМ и Оливер Спасовски докажаа дека не се способни да ги одржуваат редот, мирот и безбедноста во државата. Затоа Спасовски мора веднаш да си поднесе неотпиовиклива оставка. СДСМ мора да си замине за да се врати безбедноста во Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски