Заменик министерот за култура по сообраќајката со мотоциклист: Доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност

Од:

Во денешната сообраќајна незгода кај Градската болница учествувал заменик-министерот за култура Владимир Лазовски. Тој на својот Фејбук профил напиша дека ќе сноси одговорност, доколку се утврди негова вина.

– Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност, напиша Лазовски на Фејбук.

Сообраќајната незгода се случи денеска меѓу патничко возило и моторциклист. Повредениот моторциклист беше пренесен во Градската болница, а на местото на незгодата увид изврши полицијата.

Би можело да ве интересира

Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица

Се судрија автомобил, мопед и тротинет во скопски Чаир

А1он

Во сообраќајка загина 28 годишник од Крива Паланка – со возилото удри во бетонски ѕид

А1он

Тешка сообраќајка на патот Штип – Пробиштип, се судрија две возила додека го избегнуваа локалниот пожар

А1он

МВР објави детали: тројца повредени во сообраќајката во близина на скопскиот аеродром

Сообраќајна несреќа го затвори патот до скопскиот аеродром

Катерина Ѓуровски