А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: Пописот ќе чини 8,5 милиони евра и ќе има графа за етничка припадност

by А1он29/05/2019 - 12:1829/05/2019 - 14:40425
Share0

Пописот на населението ќе се спроведе од 1 до 21 април 2020 година, информираше Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика. Според него, целата постапка ќе биде комбинирана, по електронски пат и со теренско попишување, за што ќе бидет издвоени 8,5 милиони евра од државниот буџет.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Пописот ќе се реализира по високи стандарди коишто ги налага Евростат, при што ќе се избегнат сите можности за злоупотреба. Софтверското решение коешто ќе биде изготвено ќе ги препознава личните податоци на граѓаните кои веќе еднаш се внесени, со што ќе се онезможи ист граѓанин да се регистрира двапати. Во пракса ова значи дека ќе има попишување со помош на веб-апликација и теренско попишување. Државата ќе биде поделена на 45 пописни реони, а во целата операција ќе учествуваат 6 000 попишувачи.

Симовски информира дека, исто како во 2011 година, и овојпат ќе ги има сите графи за демографска, образовна, културолошка и етничка припадност.

Следете a1on на Youtube YouTube

Луѓето кое што се наоѓаат во дијаспората ќе се попишуваат исклучиво по електронски пат, што значи дека нема да се издвојуваат средства за да се испратат попишувачи надвор од земјава.

Според оперативниот план на Заводот за статистика, конечните резултати од пописот можат да се очекуваат по шест месеци од завршувањето на процедурата, односно во септември 2020 година.

Габриела Димковиќ Мишевска

popisvlada

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео