Во Дамар, место на триесет километри од Париз убиени се три деца, од исто семејство.
Децата облиени со крв, ги пронашол нивниот татко, а полицијата трага по мајката која е осомничена за стравотното трикратно убиство.
На телото на децата имало траги од насилство и повреди добиени од нож.
Според полицијата станува збор за семејна трагедија, во која мајката е вмешана во злосторството.
Брачниот пар бил во процес на развод, и се расправале за тоа кому ќе му припадне старателството.
Се претпоставува дека четириесет и петгодишната мајка, била зависник од алкохол.
Соседите изјавија дека биле обичен пар кој по ништо не се издвојувал од останатите. Таткото на децата доживеал шок и е сместен во болница на лекување.