Венецуела доби 68 тони медицинска хуманитарна помош од Кина

Од:

Венецуела доби 68 тони хуманитарна помош, испратена од Кина, во четврта таква испорака на лекови и друг медицински материјали.

Венецуелскиот министер за здравство Карлос Алварадо и кинескиот амбасадор во Венецуела, Ли Баоронг, заедно ја предводеа церемонијата за доставата на меѓународниот аеродром во Каракас.

– Оваа четврта испорака се состои од 68 тони лекови, како техничка хуманитарна помош: антихипертензиви, антибиотици и лекови за кардиоваскуларни заболувања. Исто така, добивме и аналгетици, рече Алварадо.

Лековите „веднаш ќе бидат испорачани преку мрежата на националното јавно здравје“, додаде тој. Од своја страна, Ли рече дека помошта покажува „чувство на искрено пријателство“, кое кинескиот народ го има кон Венецуела.

– Убедени сме дека ова ќе им помогне на луѓето во Венецуела, кои се соочат со тешките последици предизвикани од странските санкции, изјави кинескиот амбасадор.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција