(ВИДЕО) Стоилковски: Заевизмот деновиве е пуштен на најсилно!

Од:

„Заевизмот деновиве е пуштен на најсилно! Заев повторно покажа дека не се грижи за државата, а се грижи за сопствениот бизнис и за сопствениот рејтинг во партијата, за сопствен спас, наместо да се грижи за било какво подобрување на животот во Република Македонија! Зоран Заев продолжува и нема намера да ја напушти криминалната, расипничката и антидржавната политика што ја практикува повеќе од две години. Зоран Заев продолжува со лагите и манипулациите на јавноста за некаква посветеност кон државата. Единствена посветеност за него е опстојување на кланот на власт врз грбот на граѓаните“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„За државата не се важни партиските функции во СДСМ туку функционирањето, во случајот нефункционирањето на државата предводена од кланот на Зоран Заев. Неспособноста на владата и на власта не смеат да се покрие само со партиски разрешувања. Граѓаните не ги интересира и немаат корист од тоа дали и колку некој потфрлил во спроведувањето на партиската политика, колку што ги интересира сето потфрлање во напредувањето, во развојот на државата.

Јасно е дека Зоран Заев нема намера да понесе одговорност за недобивањето дата за преговори со ЕУ, уште помалку за лагата дека датата „кристално чиста и добиена уште лани“. Нема намера да понесе одговорност за економскиот колапс и девастацијата на Република Македонија. Нема намера да се повлече заради цутот на криминалот заштитен во пупката на заевизмот. Нема намера да се повлече заради непотизмот и партизацијата во администрацијата.

Зоран Заев нема намера да се повлече заради целосното уништување на здравството, образованието, социјалната политика. Падот на градежништвото и нереализацијата на капиталните инвестиции не се причина Зоран Заев да понесе одговорност, според него. Ниту пак мисли да сноси одговорност за тоа што нему блиски соработници како адвокати влечат огромни суми од јавните претпријатија за адвокатски услуги, или пак за трговијата на црно и деспотското однесување.

Единствено за што се грижи Зоран Заев е да си обезбеди партиска иднина. Зоран Заев нема намера да престане со лажење и девастација на државата, претворање на Република Македонија во приватен пашалак на кланот на власт. Ослободувањето на дел од посочените блиски на Заев од партиските функции и одговорности не е ништо друго освен манипулација за јавноста. Се тоа е театар потребен за ново задоволување на апетитите во партијата. Република Македонија нема никаква корист од внатрепартиските смени во СДСМ, додека кланот на власт ја предаде државата во раце на мафијата.

Зоран Заев нема намера да го смени својот однос кон граѓаните, понижувањето, лажењето и девастацијата на општеството кое тоне во немаштија и секојдневно бега од државата. Тоа јавно го посочи и во изјавите по партискиот собир.

Зоран Заев и неговиот клан се најголемата непогода за Република Македонија. Се’ до целосен пад на Заев и на неговиот криминален клан, државата ќе продолжи да тоне!“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ