Кубанскиот претседател Раул Кастро спомна можност да се повлече од функцијата, но не прецизира кога.
Кастро повлекувањето од положбата, го најави на денешната средба со рускиот претседател Димитриј Медведев.
Кубанскиот претседател на новинарите им изјави дека наскоро ќе наполни 82 години и додаде дека има „право“ да се повлече.
Тој во недела треба да положи заклетва по повод преземањето на новиот петгодишен мандат.
Апелираше Кубанците внимателно да го сослушаат неговиот говор тој ден, бидејќи вети дека ќе биде интересен.