„Интеграција на идентитети“ – изложба на македонски и бугарски уметници

Од:

Во Арт-центар Банќа во Софија вечер од 18.30 часот ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ од 21 автор од Северна Македонија и Бугарија, која е дел од неколкугодишниот проект „Поврзување“ на нашиот Културно-информативен центар во Софија.

-За нејзината подготовка и остварување помогнаа кураторите од двете земји, Горанчо Георгиевски и Свилен Стефанов. По неколкугодишното заедничко делување и дружење, авторите Марјан Ѕин, Зоран Мише, Павел Целкоски, Горан Тричковски, Маријана Иванова, Перица Георгиев и Иво Пецов, кои се од Северна Македонија, но живеат и работат во Бугарија, изразија желба за проширување на проектот, во кој се вклучија еминентни ликовни автори од двете земји, соопшти КИЦ во Софија.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска