Обвинение против две лица за тешки кражби во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинени против две лица за сторени тешки кражби. Обвинетите на 20 мај годинава со провала од две куќи во Скопје одзеле вкупно 140 илјади денари.

Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител доставил и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.

– Обвинетите по претходен договор, заедно со умисла искористиле слични околности, па со провалување и кршење во два наврати одзеле туѓи подвижни предмети. На 20 мај годинава, околу 13.00 часот провалиле во куќа во Скопје прескокнувајќи ја оградата и влегувајќи преку гаражата во внатрешноста на објектот. При тоа тие одзеле накит и часовници во вкупна вредност од 112.233,00 денари. Истиот ден, околу 15.00 часот, обвинетите со употреба на погоден предмет го скршиле прозорот од друга куќа, влегле внатре и по претурање одзеле накит и извршиле демонтирање и одземање на клима уреди и радијатори со вкупна вредност од 31.450,00 денари, се вели во соопштението од ОЈО.

Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски