(ВИДЕО) Мисајловски: Заев спроведе внатрепартиска чистка само за да си ја осигура партиската позиција

Од:

„Дозволете ми најпрвин да им ја честитам победата на изборите за пратеници во Европскиот парламент на нашите сестрински партии од ЕПП и истовремено да му порачам на Зоран Заев да ги следи европските вредности и принципи и да си поднесе оставка поради сета стагнација во која минува државата во изминативе две години.

Зоран Заев спроведе внатрепартиска чистка само за да си ја осигура партиската позиција, затоа што знае дека заминува во длабока опозиција. Токму затоа и ги разрешува сите кои можат да му бидат опоненти во СДСМ“, рече Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев наоѓа вина во сите, само не во него. Дополнително разрешувањето од партиските функции не ги решава проблемите на граѓаните. Граѓаните се незадоволни од министерот Спасовски, а не од потпретседателот Спасовски, Скопјани се незадоволни од градоначалникот Шилегов, а не од потпретседателот Шилегов.

Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов и Благој Бочварски се неспособни и до сега во раководењето на институциите покажаа никаков резултат. Токму затоа оставки мора да следат и од државните функции. Нивната неспособност не смее да се покрие само со партиски разрешувања.

Управувањето со МВР и обезбедувањето на јавниот ред и мир не е позначајно од потпретседателската функција во СДСМ. Токму затоа Спасовски мора да си даде оставка и од министерската функција. Убиствата по улиците кои станаа секојдневие, вооружените грабежи и запалените автомобили се повеќе од доволна причина. Спасовски треба и мора да си замине.

Администрацијата не е должна да ги трпи заканите на Манчевски. Граѓаните вработени во јавниот сектор заслужуваат почит и не треба да го трпат мобингот на Манчевски. Токму затоа Манчевски мора да си даде оставка и на министерската функција.

Скопје и Штип година ипол стагнираат. Нема ниту еден нов проект, ниту една нова инвестиција, нема нови булевари, улици и паркови, како во Скопје, така и во Штип. Не знаеме дали Шилегов и Бочварски потфрлиле во извршување на партиските функции, но во извршување на градоначалничките работи потфрлија со сигурност, а за тоа добија и потврда од граѓаните на последните избори.

Доколку Заев не ги разреши од државните функции целата јавност ќе види дека метлата е само една фарса за одвлекување на вниманието од секојдневното назадување“, изјави Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски