(ВИДЕО) Стојаноска: Филипче и Дончев во нов милионски скандал

Од:

„Министерот за здравство, Венко Филипче заедно со директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев во нов милионски скандал. Повторно се полнат џебовите на поединци со народни пари.

Филипче и Дончев наместо да обезбедат за граѓаните навремена и соодветна здравствена услуга, тие ги ограбуваат“, рече Дафина Стојаноска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерот и директорот на Фондот на почеток на годинава ја префрлија детската кардиохирургија во приватна клиника, а сега ги зголемуваат цените за кардиохируршки операции. Станува збор за цени повисоки од околу 20 проценти, а надлежните, замислете, се вадат со тоа демек се зголемиле цените на потрошниот материјал за кардиохируршки интервенции!

Внимавајте, Цените на останатите хируршки интервенции остануваат исти и се непроменети веќе долг период. Кардиохируршките операции, пак, кои се вршат во две приватни клиники во Скопје добиваат нови далеку повисоки цени. И за кардиохируршките операции кои се прават токму во овие приватни клиники цените се покачуваат два пати во текот на една година!

Со ова покачување на цените, ваквите интервенции во Македонија станаа поскапи дури и од оние во болниците во регионот како Бугарија, Србија, Турција и слично.

Ова е само уште еден дополнителен скандал во здравството. Филипче и Дончев го распродаваат здравството. Тие треба да бидат изметени со метлата на Заев, и тоа веднаш“, изјави Дафина Стојаноска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ