Вебер: Сакам стабилна Европа

Од:

Кандидатот на германскиот десен центар за претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, денеска изрази надеж дека гласачите на европските избори ќе ја поддржат „стабилна Европа“ и „обединет и амбициозен континент”.

-Не сакам да ја видам европска десно-популистичка Европа, која сака да ја уништи идејата за заедништво, но, исто така, сум и против Европа во рацете на левицата, рече Вебер по гласањето, чија Европска народна партија (ЕПП) се надева дека ќе го задржи статусот на најголема група во Европскиот парламент.

Во повеќето членки на Европската унија, денеска се гласа за Европскиот парламент, додека во седум земји изборите, кои започнаа на 23 мај, се одржаа порано.

Резултатите од секоја земја-членка ќе бидат објавени вечерва по затворањето на последното гласачко место во Европа, а последни се затвораат избирачките места во Италија во 23 часот.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп