Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар е испратено на лекување во најголемиот центар за изгореници на Балканот. Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници. Обезбедено е санитетско возило од брзата помош и тргнати се во болницата Пирогов.
Голема благодарност до колегите во Софија кои веднаш обезбедија место за понатамошно лекување на детето и му посакуваме побрзо закрепнување, велат од министерството.