Американскиот производител на автомобили „Форд“ ќе отвори нови 450 работни места и ќе инвестира речиси 200 милиони долари во фабриката за мотори во Охајо.
Од фабриката соопштија дека очекуваат двојно да се зголеми продажбата на енергетски ефикасни мотори „EcoBoost“.
Двoлитарските мотори, кои што се продаваа на пазарот во Северна Америка, порано се произведуваа во фабриката на Форд во Валенсија, Шпанија.
-Новата одлука нема да влијае на бројот на вработени во постоечката фабрика во Валенсија, каде што дел од работниците ќе бидат преселени од фабриката за мотори во монтажниот сектор со цел да се исполни зголемувањето на производството на одредени модели на автомобили – стои во соопштението на компанијата.
Фабриката во Валенсија која произведува деловите кои се користат во производството на мотори во САД, ќе остане единствено место каде што се произведуваат дволитарските мотори за возила во Европа.
Фабриката во Кливленд во Охајо, која во моментов произведува „EcoBoost“ со волумен од 3,5 литри, како и мотори V6 со волумен од 3,7 литри, а на крајот од 2014 година ќе започне со производство на дволитарскиот „EcoBoost“ мотор.
Елена Георгиевска