Кога Ким Медфорд од Ешвил нарачал порција од своите омилени компирчиња во ресторанот „Ерби“, не ни мислел дека ќе го открие кандидатот за нов светски рекордер – пржено компирче долго речиси еден метар.
Во моментов, официјален светски рекорд го поставија две лица од Бафало, кои испржиле компирче долго 86 сантиметри, а Ким неговиот помфрит од дури 97 сантиметри размислува да го предложи на Академијата на Светски рекорди.
Официјалното лице на ресторанот „Ерби“ за печатот изјави:
– Во поголем број случаи, при пакувањето, транспортот и самото приготвување се крши помфритот на помали парчиња, но очигледно не секогаш, јави „Хафингтон Пост“.
Компирчето кое Медфорд ги пронајде спаѓа во редот на „завиткани“ компири кои настануваат така што комипрот се сече во круг, без запирање.