Кривична пријава за жител на Егри, битолско кој ја закопал мајка си во семејниот двор

Од:

СВР-Битола поднесе кривична пријава против 38-годишниот В.Ј. жител од селото Егри поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело сквернавење на умрен.

Портпаролот на СВР-Битола Магдалена Димитровска соопшти дека по преземените оперативни мерки и разговор со пријавениот констатирале дека В.Ј. ја закопал мајка си во семејниот двор.

– На 27 јануари годинава, во смејниот дом починала Даница, мајка на В.Ј.. Тој во паника дошол до идеја да ископа дупка во неговиот двор и да ја закопа. По извесен период, односно на 17 февруари В.Ј. во СВР-Битола пријавил дека неговата мајка е исчезната, изјави Димитровска.

СВР-Битола по преземените активности за пронаоѓање на Даница и расчистување на случајот, по основ на сомнение, пријавениот денеска е задржан во просториите на СВР-Битола, а за случајот се известени истражен судија и јавен обвинител со кои беше излезено на местото каде е закопана Даница.

По извршената ексхумација на телото и обдукцијата во судска медицина констатирано е дека нема елементи на насилство, односно станува збор за природна смрт, посочи Димитровска.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски