Владите на земјите од еврозоната ја разгледуваат можноста за привлекување на сопствениците на големите банкарски сметки за помош на Кипар, пишува весникот „Зидојче цајтунг“.
На тој начин кон спасувачкиот пакет од Европскиот стабилизациски механизам и Меѓународниот монетарен фонд ќе бидат привлечени средства од богати сопственици на сметки во кипарските банки, вклучувајќи и од странство, како и големи концерни, кои работат во државата.
Кипар во ноември 2012 година ги усогласи со меѓународните кредитори условите за доставување финансиска помош од околу 17,5 милијарди евра. Неговите партнери од ЕУ сепак го одложија донесувањето на конечната одлука на неопределно време поради одредени проблеми, пред се способноста на Никозија да го исплати долгот.
Освен тоа европските политичари, вклучувајќи ги и германските се сомневаат во транспарентнста на финансискиот систем на Кипар, кој е на работ на банкрот и ја обвинуваат земјата дека е даночен рај за олигарсите особено за руските.