Во 2018 година, во Брисел, Белгија, починале 67 бездомници.
Податоците на невладината организација „Бриселс колектиф стратдоден“ покажуваат дека лани починале пет лица отколку 2017 година.
Бенјамин Нтабунди, координаторот на невладината организација, истакна дека зголемувањето на бројот на лицата, кои го загубиле животот е резултат на тоа што е зголемена бројката на бездомници во главниот град.
– Бројот на бездомници во Брисел е речиси двојно зголемен од 2005 година. На лицата не им се обезбедува засолниште и повеќето од нив се на улица, вели тој.
Невладината организација, исто така, организира погреб на починати бездомници.