(ВИДЕО) Шахпаска: Со социјалната реформа, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост

Од:

„Со новиот Закон за социјална заштита, се воведуваат низа мерки кои го унапредуваат квалитетот на животот на лицата со попреченост и нинвите смејства.

За првпат воведуваме надоместок за лица со тешка и длабока интелектуална попреченост во износ од 7.204 денари месечно“, рече Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

„Воведуваме две услуги во домот на лицата со попреченост а тоа се: помош и нега и лична асистенција.

Покрај тоа, овие услуги можат да се добиваат истовремено, со надоместок за помош и нега од трето лице или со додатокот за попреченост.

Обезеден е паричен надоместок на плата за оние родители кои го користат правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања, утврдено со Законот за работните односи.

Висината на овој надоместок изнесува 50 отсто од просечната нето плата на родителот во претходната година, но најмногу до 50% од просечната плата во претходната година во Република Северна Македонија. При тоа овие семејства истовремено може да добиваат услуги во домот како нега и помош или лична асистенција.

Родителот кој се грижел за дете со попреченост и не остварил право на пензија по друг основ, а при тоа има навршени 62 години за жена, односно 64 години за маж може да се стекне со траен надоместок во висина од 8.000 денари.

Дополнително, социјалните услуги ќе станат поблиски до граѓаните, односно ќе се децентрализираат на ниво на локалните самоуправи со лиценцирани даватели на услуги.

За нас, секој е важен.

Ова се само дел од мерките што обезедуваат зголемена гриѓа за лицата со попреченост и нивните семејства. Концептот на едно општество за сите е концепт на еднакви граѓани, без разлика на нивната физичка или интелектуална попреченост. Сите заслужуваме унапредување на условите за живот и личен развој“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

СДСМ ја донесе победата за македонскиот јазик во ЕУ, Мицкоски ја претвори во пораз

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

А1он

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци

А1он

(ВИДЕО) Битиќи : Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола