ОМД: Изборот на командант на УЧК за министер за одбрана е навреда за македонски граѓани

Од:

Mакедонците од дијаспората разочарани од изборот Талат Џафери, алијас командант Форина, нов Министер за одбрана.

Потсетуваат на неговата улога за време на нападите на македонските воени и цивилни лица од страна на етничките Албанци во 2001 година.

„АРМ е институција посветена на заштитата на територијалниот интегритет на државата и на граѓаните на Република Македонија. Назначувањето на поранешен командант на УЧК како Министер за одбрана е неразбирливо за македонската дијаспора и преставува голема навреда за сите македонски граѓани без оглед на нивната етничка припадност”, вели претседавачот на управниот одбор на ОМД, Стојан Николов.

“Врз основа на неговите минати дела, јасно е дека Џафери нема морален авторитет да управува со АРМ, кога самиот Џафери застана против институцијата во 2001 година”, стои во соопштението од ОМД.

„Во 1999 година, Македонија прифати околу 400.000 етнички албански бегалци од Косово. Само две години подоцна, во 2001 година, терористичката Ослободителна војска на Косово се врати за да се „заблагодари“ со напаѓање на Македонија. По промената на своето име во Ослободителната народна армија (ОНА) и со помош од страна на локални терористички ќелии и средства од трговија со органи и наркотици ја нападнаа територијата на Република Македонија”, велат од ОМД.

Талат Џафери, командантот Форина е роден во областа на Гостивар во 1962 година. Школуван е во Белград, каде се приклучил на Југословенската народна армија, а по прогласувањето на независност на Македонија во 1991 година Џафери станал висок офицер на АРМ во касарната во Тетово. Кога конфликтот започна во 2001 година, Џафери ја напуштил АРМ и се приклучил на ОНА во таканаречената 116 бригада во планинскиот дел на Гостивар.

„По конфликтот, сите негови злосторства беа амнестирани со законот за амнестија. Тогаш тој стана пратеник од владејачкиот коалиционен партнер ДУИ, на чие чело е поранешниот лидер на терористичката ОНА-Али Ахмети. Во својата пост-терористичка кариера Џафери се покажал како ултра-националистички политичар, и е озлогласен за барање на збор во Собранието, а потоа користејќи ги парламентарните правила кои овозможуваат неограничено време за говори, не зборувал ништо. Џафери ја користел оваа техника на опструкции за да го попречи предлог законот од страна на ВМРО-ДПМНЕ за финансиска помош на ветераните на АРМ од конфликтот во 2001 година, која исто беше поддржана од најголемата опозициска партија СДСМ”, коментираат од ОМД.

ДУИ, укажуваат, стои позади апсурдниот став дека поранешните терористи на ОНА се исто така “ветерани” од конфликтот во 2001 година. Според нив, оние кои ги убиваа припадниците на АРМ и цивилните лица исто така треба да добијат финансиски бенефиции.

„ДУИ предложи 5.000 измени и дополнувања на законот за бранители, што според пресметките на медиумите би биле потребни цели 42 години за дебата во рамките на тековните парламентарни правилам“, стои во соопштението од ОМД.

Би можело да ве интересира

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ