Турција прекина да купува иранска нафта

Од:

Турција на почетокот на мај целосно прекина да увезува иранска нафта, за да ги почитува американските санкции, иако не ги одобрува, изјави турски официјален претставник.

– Како стратешки сојузник на САД, ние ги почитуваме санкциите, изјави претставникот на маргините од неговата посета на Вашингтон, каде што е во придружба на заменик-министерот за надворешни работи на Турција, Јавуз Селим Киран.

Администрацијата на Доналд Трамп повторно воведе американски санкции против Иран, откако пред една година го напушти меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.

Тие санкции се однесуваат на увозот на иранска нафта, но и на сите земји кои ќе продолжат да ја купуваат.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија