Павле Богоевски веќе нема кредибилитет да ги претставува граѓаните во Собранието на Република Македонија и заради тоа мора да си поднесе неотповиклива оставка. Само така ќе се овозможи професионална и непристрасна истрага за тоа од кого нарачувал „половина“ и таа да му биде убаво спакувана. Веруваме дека на тој начин ќе се открие нарко синџирот кој што делува низ Скопје. Само така СДСМ може да покаже дека Македонија станува европска држава, каде постои одговорност. Само така ќе направиме исчекор во однос на минатото кога сите кокаински афери, особено со СДСМ на власт остануваа без разрешница, посочи Наум Стоилковски на денешната прес конференција.
Денес кога сета јавност се згрозува од односот на Зоран Заев, на полицијата и на обвинителството, како и на Собранискиот спикер, кон наркоаферата половина грам за Павле Богоевски, за која самиот кажува дека тргувал на нарко пазарот, без да се прецизира за што станува збор, потсетуваме на најголемите афери поврзани со наркотици в Република Македонија! Прво во 1997 година, во екот на севкупна власт на СДСМ во Република Македонија, во услови исти како и сега, од Депото на МВР, значи од условно најбезбедното место во државата, исчезнуваат 28 килограми кокаин! Никогаш, никој не одговараше, а тогашниот министер Томислав Чокревски не поднесе ниту една кривична пријава за овој случај!, објасни Стоилковски.
“Стои сведочење на Павле Трајанов, денес еден од оние во пупката на Заев, кој сведочи дека тој во 1998 година, како министер иницирал истрага за кражбата на кокаинот, но тогашните директори на јавна безбедност и на ДБК, независно еден од друг, му посочиле дека Чокревски, ја сопрел истрагата на крим полицијата по директна наредба на тогашниот лидер на СДСМ и премиер Бранко Црвенковски. Причината беше јасна во јавноста, дека дрогата завршила кај нарко бос, криминалец со звучно име тогаш близок до власта, а Црвенковски никогаш не ја негираше поврзаноста и употребата на кокаинот за што беше јавно повикуван по медиумите. За потсетување директор на БЈБ тогаш бил Диме Ѓурев, а шеф на неговиот кабинет му беше Стево Пендаровски.
Одиме на втор случај во 2007 година- Станислава Чочоровска беше фатена како организира транспорт на половина тон кокаин во канти од поликолор. За 436те килограми кокаин беше осудена на 14,5 години затворска казна. Нејзин адвокат, бранител, во судскиот процес и беше адвокатот Љубомир Михајловски Џанго. Е сега, Михајловски, ја бранеше Чочоровска една година откако беше министер од СДСМ за внатрешни работи. Во неговото професионално досие стои дека бил потсекретар во МВР и виш поранешен инспектор за недозволена трговија со дрога. Одличен пример за соодветен бранител за трговија со кокаин од Венецуела до црногорското пристаниште Бар, со крајна дестинација Грција! За овој случај дури и судот во Стразбур пресече дека при судењето не било повредено правото за правично судење. Имајќи ги предвид актуелните пресуди за шверц, а пресудата за ексградоначалникот Боро Малборо е пример, веројатно денес би и се судело за дело во обид, со многу помала казна!
Пред две години Сеад – Сетко Рахиќ, братот на поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ, беше осомничен за трговија со дрога, како организатор на криминална група која продавала кокаин во Скопје и други градови низ Република Македонија. При претресот покрај дрогата беше пронајден и широк арсенал на оружје. Рахиќ често е фотографиран со Зоран Заев, а според јавноста, со чии писма наводно се фалел со ветувања за слобода од затвор. По доаѓањето на СДСМ на власт беше пуштен од затвор, па во вооружен инцидент го нападна лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски и тоа во изборен ден.
Доаѓаме до пратеникот Павле Богоевски, пратеник, наводно независен, близок до Зоран Заев, за кој има аудио снимка, која тој ја потврди, за трговија на нарко пазарот! Само што се обидува тоа да го ублажи со емотивни лични исповеди, што не поминуваат во јавноста. Кога сета јавност очекуваше осуда, тој ужива во вербално помилување од Зоран Заев како насока како да постапуваат МВР и Обвинителите. И замислете наместо пратеникот кон него, фокусот се става врз тоа аудио парче кое што се рашири по социјалните мрежи. Уште едно срамно однесување на СДСМ кон нарко пазарот!
Епа почитувани, не случајно во извештајот на Глобалната иницијатива против организираниот криминал за Македонија се вели дека криминалните групи во Македонија уживаат политичка поддршка. Цитирам; „Интересно, официјалниот број на запленета дрога е многу низок, како што е ниска и стапката на криминал. Тоа сугерира степен на дослух или бенигно занемарување од страна на полицијата и на политичарите“, се заклучува во овој извештај.
Почитувани, апсолутната власт на криминогениот клан на власт во Владата и отвора можност да се претвора Република Македонија во приватен нарко картел, во која владеее неказнивост и црни пари од нарко подземјето.
Случајот, аферата со Павле Богоевски, кој признава трговија на нарко пазарот, а поседува увид во безбедносните државни тајни, не смее да се сведе на помилувања и да си помине со јавни префрлазња на топката помеѓу МВР и ОЈО или да се сведе на гонење на свиркачи!
Тоа е јасна политика на неказнивост, на своеволие и поддршка на трговијата со наркотици! Тоа не се ниту европски, ниту НАТО, ниту прозападни вредности. Богоевски мора да сноси одговорност, а Заев, Спасовски и Јовески мора да заминат поради поддршка на очигледна недвосмислена трговија и врски со криминални кланови!”, заврши Стоилковски.