ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и институции.

„На ваквото барање се потпишани најмалку 15 пратеници и согласно Законот за Собрание мора да биде прифатено, а надзорната расправа да ја одржи матичното работно тело односно Комисијата за финансирање и буџет. Ова барање е резултат на напорите на пратениците од СДСМ на вчерашната седница на Комисијата за финансирање и буџет да го сокријат скандалот за склучените договори за адвокатски услуги со адвокати и адвокатски друштва блиски до СДСМ. Имено се работи за сомнеж за одлив на милионски средства од буџетските пари за адвокатите и адвокатските друштва кои се во блиска релација со владејачката СДСМ“, рече пратеничката Лилјана Кузмановска.

Со вчерашното негласање на иницијативата, додаде таа, СДСМ покажаа дека не само што сакаат да го скријат овој скандал, туку дека чукањето во гради за транспарентност пред граѓаните се само празни зборови, додека во реалноста се кријат битни информации од јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ по вторпат поднесува иницијатива до собраниската комисија за финансирање и буџет за надзорна расправа за склучените договори за консултантски, адвокатски и нотарски услуги на Владата, државните органи и претпријатијата со целосна, делумна или доминантна сопственост на државата.

Во иницијативата се наведени примерите за кои „А1он“ веќе истражуваше во два наврати – станува збор за огромни суми пари кои се одлеваат од буџетот на јавните претпријатија за адвокати кои се блиски до владејачките структури.

„Можноста за склучување договор во четири очи со дискреционо право на раководното лице или топ-менаџментот отвора сомнеж за излевање огромни финансиски средства кон одредени адвокати, нотари и консултанти за нивни услуги. Во изминатиот период во повеќе наврати протекоа бројни информации за ангажирани адвокатски друштва на лица носители на јавни функции или во роднинска врска со носители на јавни функции. Очигледна е тенденцијата одредени адвокатски друштва да склучуваат со Владата, органите на државната управа и јавните претпријатија“, се вели во иницијативата.

Како примери се наведени случаите за кои „А1он“ веќе пишуваше – дека адвокатското друштво „Де Леге“ кое е ангажирано од ЈП „Водовод и канализација“, а еден од сопствениците е пратеничката од СДСМ Снежана Калеска-Ванчева. Тука е и Стефан Јосифовски, адвокат кој го застапува СДСМ, а воедно е ангажиран и како адвокат на „Водовод и канализација“, Мери Младеновска Ѓорѓиевска, која е советник во кабинетот на Кочо Анѓушев а се јавува како адвокат во повеќе јавни претпријатија, советникот на премиерот Зоран Заев, Миле Зечевиќ, кој исто така се јавува како адвокат во државните служби.

Целта на надзорната расправа, како што стои во иницијативата до Собранието, е да се подобри транспарентноста и да се види колку пари добиваат адвокатите кои се на јавни функции или, пак, нивните роднини.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски