(ВИДЕО) Мицкоски: Стапката на ДДВ на сметките за затоплување дома си останува иста и е 18% и не е намалена на 5%

Од:

-Бев во Карпош. Луѓето се разочарани. Се докажува лажната матрица на власта и измамите кои ги прави Зоран Заев. Пред изборите за да ја добијат довербата од граѓаните во 1-вата и дел од 2-рата изборна единица во делот на Гази Баба ветуваа намалување на цените на парното. По изборите се покажува дека далеку сме од тоа ветување, односно дека лажеле за ова, истакна Мицкоски при денешната посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош.

Тој рече дека предлог законот кој е поднесен во собраниска процедура за измени на даноците и е пред второ читање никаде не предвидува намалување на ддв-то за топлински услуги од 18 на 5%. -Стапката на ДДВ за затоплување на сметките коишто ги добиваме за затоплување дома си останува иста и е 18% и не е намалена на 5%, потенцираше Мицкоски.

Тој од Карпош порача дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман за намалување на оваа стапка онака како што беше ветена на сметките за затоплување коишто ги добиваат граѓаните од 18 на 5%.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

Мицкоски: Добрососедството е важно, но македонскиот идентитет нема цена

Мицкоски: Многу блиску сме до одлука сами да го градиме Чебрен и Галиште

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН – ЕКОСОК