Поранешната претседателка на Аргентина, Кристина Фернандез денеска се појави пред Суд на првото рочиште од серијата судски процеси за корупција.
Безбедносните агенти ја затворија судницата во Буенос Аирес кога пристигна Фернандез.
Таа е обвинета за проневера за проекти за јавни работи во времето кога беше претседателка од 2007 до 2015 година. Фернандез ги негира сите обвинувања.
Јавноста очекуваше нејзина кандидатура против конзервативниот претседател Морис Макри на изборите во октомври, но таа ги изненади сите викендов кога објави дека ќе се кандидира за потпретседателка, додека поранешниот шеф на нејзиниот кабинет Алберто Фернандез ќе ја предводи листата како претседателски кандидат.