Сојузната криминалистичка служба на Австрија приведе 14 осомничени лица од Балканот и заплени дрога во вредност од 8,6 милиони евра.
Кај приведените пронајдени се меѓу другото околу 112 килограми кокаин, 71 килограм амфетамини и 19 килограми марихуана.
Полицијата соопшти дека станува збор за мафијашки огранок, чии врски досегнуваат до Јужна Америка, од каде добивале кокаин, јави Танјуг.
Истрагата ширум Европа, под раководство на австриската полиција, уште во 2017 година влезе во трагата на оваа српско-црногорска група, која ја следеле со месеци. Во септември таа година во Германија беа уапсени пет членови на тој клан, а минатата година во мај, во Франција тамошните власти уапсија еден осомничен. До „големото финале“ на полициската операција дошло, како што е сега сооштено, кон почетокот на годината. Во координирана акција се уапсени уште осум лица.