Бугарски државјанин бил прегазен кај скопско Кадино. Како што информира полицијата, вчера, во 16.20 часот, во село Кадино, Скопско, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И. В. (43) од село Кадино, удрило во пешакот Г. Г. Д. (60) од Република Бугарија.
Од ударот Г. Г. Д. добил тешки телесни повреди и бил пренесен на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.