Минатогодишниот освојувач на трофејот во ЛЕ, Атлетико Мадрид мораше да се прости од амбициите за одбрана на тронот, откако денеска беше елиминран од рускиот тим Рубин Казан. По првиот меч, шпанскиот тим имаше негатива од два гола, па така денеска не успеа да го надокнади заостатокот, и покрај победата од 1:0.
Екипата на Лион пак, со голо на Гоналонсу, успеа да поведе на мечот против Тотенхем, и со тој резултат одеше понатаму. Сепак, гостите од Лондон до крајот на мечот се обидуваа на сите можни начини да стигнат до израмнување, кое на крајот и успеаја да го добијат, откако Дембеле успеа да израмни во 90-тата минута, гол со кој му овозможи на својот тим пласман во наредната рунда.
Во останатите мечеви беа забележани следните резултати:
Клуж-Интер 0:3
Днипро-Базел 1:0
Генк-Штудгарт 0:2
Лацио-Менхенгладбах 2:0
Металист-Њукасл 1:0