Филип Бридлав најверојатно нов шеф на НАТО силите во Европа

Од:

Командантот на воздушните сили на САД во Европа, генерал Филип Бридлав најверојатно ќе биде новиот командант на НАТО силите во Европа, изјави денеска висок официјален претставник на северноатлантскиот сојуз.

Прашањето за избор на нов човек на чело на европските сили на НАТО повторно се актуелизира кога претходниот кандидат генералот Џон Ален најави дека ќе се пензионира од армијата, по 19 месеци командување со коалициските сили во Авганистан.

Официјалниот претставник на НАТО кој рече дека нов командант на алијансата во Европа најверојатно ќе биде Бридлав, сакаше да остане анонимен, бидејќи не е овластен да зборува за овие работи.

Ако Бридлав биде номиниран и ако Сенатот го потврди неговиот избор, тој на таа функција ќе го замени адмиралот Џејмс Ставридис.

Бридлав, кој има завршено обука за борбен пилот, служел во Шпанија и Германија во средината и кон крајот на 1990-тите, во Италија во 2004 и 2005 година, а потоа повторно во Германија. Во два наврати, во почетокот на 1990-тите и 2000-тите, тој бил во Јужна Кореја.

Во јули минатата година, тој беше назначен за командант на американските воздухопловни сили во Европа.

Шеф на НАТО силите во Европа се смета за една од најпрестижните позиции за американските генерали. Во Европа се распоредени околу 80.000 војници.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море