Заев од Виена ги најави за јуни кадровските промени во Владата и институциите

Од:

Премиерот Зоран Заев по завршување на Виенскиот економски форум, денеска од Австрија, најави дека во првата половина на јуни има намера да излезе со конкретните решенија за кадровски промени во Владата и институциите.

– Во јуни месец и тоа првата половина на јуни имам намера да излезам со конкретните решенија за промени и тоа во Владата, во владините институции, значи директорски места, Управни одбори, надзорни одбори, во локалната средина, значи едно трето ниво подоле, а секако ќе се случат и персонални промени во Социјалдемократскиот сојуз, што ќе значат и подобрување на перформансите на најголемата владејачка партија, којшто има директен импакт квалитативен и врз владеењето во државата, изјави Заев.

Посочи дека тоа што се случува во нашата земја е нешто коешто е логичен пресек на двегодишното владеење на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз, кадешто ги видовме слабостите и фала богу имавме избори кадешто граѓаните буквално испратија порака дека некои работи треба да се менуваат, а тоа се слабите карики на извршната власт.

– Веројатно и во локалните самоуправи има одредени слабости кадешто се под ингеренции на СДСМ и владејачката коалиција. Секако промените ќе се случат. Јас реков тоа ќе се случи на почетокот на јуни, затоашто извештајот го затвора Европската Унија и го објавува на 29 мај, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Прево: Белгија е цврст и сигурен сојузник на патот за пристап на Македонија во ЕУ

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден