(ВИДЕО) Стоилковски: Планот за живот и 600 километри автопати постои само во главите на заевистите

Од:

Во време кога Заев оди да отвора автопати низ соседството, потсетуваме на неговите славни изјави. Ова е една прес конференција на Зоран Заев дадена во Струмица, 7 на декември 2016 година пред изборите по кои што направи мнозинство во парламентот и владее во Република Македонија. Ова што го видовте е Зоран Заев од СДСМ. Оваа легендарна изјава, дел од Заевизмот! Не само што нема никаква инфраструктурна инвестиција, не само што нема никаков план за живот, а од 600 те најавени милиони евра за патишта нема ни Ш! Показател за ова се готовиот автопат Миладиновци-Штип, инвестиција вредна над 200 милиони евра, автопат кој што е готов, изграден, а најави за негово пуштање има на секој следен месец од овие две години!, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Само годинава на три пати има лаги дека автопатот тукушто не е отворен! Според информациите за причините за одлагање, најново е дека немало поставеа мрежа за спречување на овци да минуваат преку патот! Те се чека технички прием, те се изнаоѓаат доградби, па пак ехнички прием, па сега мрежа. Милион оправдувања додека граѓаните при готов автопат трошат повеќе гориво, загадуваат повеќе, возат повеќе. Ама како беше славната мисла на СДСМ, сиромашните и онака не возат!, додаде Стоилковски.

Автопатот Кичево Охрид, 18 месеци нема никаква активност. Ништо не се работи! Дури и таму каде што беше извршено тампонирање, а не е асфалтирано на време, се појавува денивелација на трасата односно потонува тампонот. Значи потребно е наново тампонирање за да може да се асфалтира. А тоа се нови трошоци, за кои некој на крај ќе треба да одговара! Уште потрагично е што минатата година на почетокот на ноември е земен скоро 190 милиони евра нов кредит, а сега, по повеќе од шест месеци оваа власт немаат ниту камен преместено со овие пари на делницата. Почитувани, на виделина излегоа и лагите, односно Заевизмот за автопатот Кичево Охрид, дека се згрешени трасите! Ниту трасите се сменети, ниту има нов инфраструктурен проект, што е потребно за да се смени трасата! Нема никаква постапка за измени во тек на градба во Министерството за транспорт и врски, што значи немало никаква грешка, или не се работи за потреба од исправање на трасите, смета Стоилковски.

Автопатот Скопје Штип требаше да биде пуштен на 1 мај 2017 година, а Кичево – Охрид требаше да биде завршен до крајот на февруари 2018 година. За несреќа, државата од 2017 година е во рацете на криминогениот клан СДСМ, што продолжува со традицијата- зад себе оставање само споменици за уништена економија! Дури и ЕУ нотираше огромен проблем во нетрошењето на буџетот за капитални инвестиции кои што носат реален раст на економијата, додека расте задолжувањето! Но, за тоа треба работа и желба, а не посветеност само и само за криминогени тендери за полнење на партиските џебови!, додаде Стоилковски.

Планот за Живот и 600 километри автопати постои само во главите на Заевистите! Се што го поврзува Заев со автопат е играњето чочек по наследената готова нова делница од автопатот кој што понатаму го преименува во „Пријателство“! Се друго ќе заврши како лопатата од патот Велес- Прилеп, во ‘90тите години, повозрасните се сеќаваат на тој проект! Или како вели народната, кога Заев ќе рече дека ќе направи нешто, ќе направи, не мора да го потсетувате секоја година! Во случајов, секоја година или секој месец, заклучи Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство