Во РЕК Битола утрото дошло до краткотрајно исклучување на Блок 3 од системот, информираат од компанијата.
Причината за исклучувањето e грешка во автоматскиот систем за управување.
Блок 3 повторно е приклучен во мрежа во 12 часот и во моментов работи непречено.
-Производството на АД ЕСМ се одвиваше преку Блок 1 и преку другите производни капацитети, наведуваат од компанијата.