Судски извршители го симнаа министерот за трговија на Кипар, Неоклис Силикиотис, од неговиот автомобил за да му го конфискуваат превозното средство, соопшуваат кипарските грчки медиуми, лиферувајќи видео материјал од инцидентот.
Утринава судски службеници отишле во министерството за да ја исполнат судската наредба за конфискација на државен движен имот вреден 15 милиони евра.
Пред зградата бил испратен камион за транспорт на возила, на кој требало да се натоварат автомобили, мебел, компјутери и друга опрема со цел да се платат обврските на државата кон приватни лица заради отуѓени терени.
Според информација на телевизијата „Сигма“, на судските извршители не им било дозволено да влезат во министерството, бидејќи судската процедура не е завршена. Затоа следен вербален спор со Силикиотис, чиј автомобил бил запрен при неговото пристигнување пред зградата.
Судските извршители поднеле жалба во полицијата заради спречување на нивната работа.
Според Силикиотис, настанот е предизборен напад.