По 130 години се менува масата на еден килограм

Од:

Во изминатите 130 години, килограмот е дефиниран како единица мерка дефинирана од физички цилиндар изработен од платина и иридиумска легура, која се чува во Бирото за меѓународни тежини и мерки во Франција.

Меѓутоа, секогаш кога научниците го земаа овој цилиндер во свои раце, тој губел дел од атомите, па се проценува дека сега е полесен за 50 микрограми отколку кога е направен.

Затоа, научната заедница едногласно ја усвои новата дефиниција за килограми, која ќе стапи на сила на 20-ти мај.

Од тој датум, килограмот официјално ќе се мери како физичка константа наречена Планкова константа. Оваа константа го изразува односот во квантната физика помеѓу енергијата и фреквенцијата на честички.

Новата дефиниција беше добиена со користење на уред наречен Киблеов механизам, кој со помош на Планковата константа ја одредува масата на објектот користејќи прецизно измерени електромагнетни сили.

Оваа одлука има историско значење за научната заедница, но во пракса во секојдневната апликација нема да има промени.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска