Субверзија на Мадона на Евросонг, настапот на бил како на пробата

Од:

Организаторите на натпреварот за Песна на Евровизија се плашеа некој од натпреварувачите под притисок на меѓународното движење за бојкот да не се фокусира на политиката во својот настап.

Но на крајот тоа го направи Мадона додека ја пееше песната “Future” по што остри критики можеа да се слушнат кога двајца од нејзните танчери со свртија со грбот на кој имаа палестинско и израелско знаме. Тие се држеа за раце како гест на коегзистенција.

Во официјалното соопштение од Евровизија се наведува дека тоа не било дел од пробата како и дека тоа не било одобрено ниту од организаторот Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ниту од израелскиот јавен сервис КАН.

-Натправерот за песна на Евровизија е неполитички настан и на Мадона тоа и е ставено до знаење, пишува во соопштението. Неколкумина од танчерите носеа гас маски со круна од цвеќиња.

Мадона и нејзината екипа од 160 луѓе стигна во Израел со приватен авион на израелско канадскиот милијардер Силван Адамс кој се надеваше дека нејзниот настап ќе придонесе за позитивниот имиџ на Израел како домаќин на Евровизија. Адамс минатата недела кажа дека Мадона е вистински пријател на Израел.

Ова беше четврти настап на Мадона во Израел каде претходно настапуваше во 1993, 2009 и 2012 година.

Поп иконата го има посетено приватно уште неколкупати Израел со оглед дека е дел од еврејското мистично движење, кабала, во рамки на кое го прифатила и еврејското име Естер.

Израелските и странските медиуми известија и дека Мадона разочарала пеејќи го хитот “Like a Prayer” од 1989 година, а во критиките предводеа британските медиуми со кои од поодамна не е во добри односи. Пред четири години во Британија беа забранети и нејзините песни на радио со образложение дека требало да им остави простор на помладите и да се пензионира. Секако, ниту сегашните критики дека фалширала и немала добар настап како и тогаш не ја тангираат Мадона која го најави новиот албум за јуни и која ветува дека ништо не може да ја поколеба и да ја сопре.

Би можело да ве интересира

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Спектакл во Рио: Мадона одржа концерт пред два милиони луѓе

Предраг Петровиќ

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Мадона на последниот концерт призна: Се соочува со уште еден здравствен проблем

Предраг Петровиќ