Мадона на последниот концерт призна: Се соочува со уште еден здравствен проблем

Од:

Мадона го заврши последниот дел од својата европска турнеја во О2 Арената и им кажа на фановите дека „минува низ пеколот“ со уште еден здравствен проблем.

Имено, станува збор за коленото, кое на претходната турнеја го скрши, а кралицата на попот на овие концерти носи дури и стегач за ногата, но не дозволила тоа да ја спречи да танцува.

Додека изведуваше хитови од нејзината четиридецениска кариера, Мадона правеше и долги паузи за да разговара со своите верни обожаватели, пишува Mirror. Таа призна дека „поминува низ пеколот“ со ногата, откако претрпе застрашувачки здравствени проблеми на почетокот на оваа година, кога се зарази со тешка бактериска инфекција.

Турнејата на добитничката на Греми се состои од 78 настапи во 15 земји, со 24 изведувачи на сцената.Турнејата започна во лондонската О2 Арена на 15 октомври, а ќе заврши во Мексико Сити во април следната година. Турнејата првично требаше да започне во текот на летото, но мораше да биде одложена поради здравствената состојба на Мадона.

Во јуни поп-ѕвездата беше хоспитализирана откако се справи со сериозна бактериска инфекција што доведе до тоа да остане на интензивна нега неколку дена.

За среќа, Мадона успеа брзо да закрепне и да се врати на турнејата за само неколку месеци.

Би можело да ве интересира

Мадона на бизарен начин се обиде да се скрие од новинарите

Предраг Петровиќ

Мадона : „Среќна сум што сум жива, љубовта од семејството и пријателите е најдобар лек

Предраг Петровиќ

Се јави Мадона, првпат по хоспитализацијата

Предраг Петровиќ

Нови детали за опоравувањето на Мадона

Се чуваше во тајност: Пред да ја најдат во бесознание , Мадона работела на таен проект

Предраг Петровиќ

Мадона итно примена во болница