Се јави Мадона, првпат по хоспитализацијата

Од:

Веста за здравствените проблеми на поп дивата Мадона (64) на почетокот на јули ги загрижи нејзините многубројни обожаватели. Менаџерот на Мадона објави дека биле принудени да ја одложат светската турнеја „Celebration Tour“ поради болеста на Мадона, а пејачката извесно време беше хоспитализирана на одделението за интензивна нега откако доби сериозна бактериска инфекција. На крајот на минатата недела беше пуштена на домашна нега, а сега за прв пат се огласи на социјалните мрежи и се заблагодари за поддршката што ја добила во тешкиот период.

– Ви благодариме за позитивната енергија, поддршката и молитвите. Ја почувствував вашата љубов. Јас сум на пат кон закрепнување и благодарна сум за сите благослови во мојот живот – ја започна долгата објава пејачката. Таа откри и што ѝ паднало на ум откако се разбудила во болница.

– Кога се разбудив во болница, првата мисла ми беа децата. Второто беше дека не сакав да ве разочарам сите што купивте билети за турнејата. Исто така, не сакам да ги разочарам сите кои неуморно работеа со мене во изминатите неколку месеци – напиша Мадона и додаде дека сега ќе се фокусира на своето здравје и сила.

– Наскоро ќе се вратам, ве уверувам – додаде 64-годишната музичарка и напиша дека планира да ги одложи датумите на турнејата во Северна Америка и Европа.

– Не можам да бидам поблагодарна за вашата грижа и поддршка, заклучи Мадона.

Неколку луѓе блиски до Мадона за медиумите потврдија дека состојбата на Мадона била прилично лоша, а членовите на нејзиното семејство рекоа и дека за време на викендот, кога била примена во болница, се подготвувале за се. Менаџерот на Мадона изјави дека на музичарката и е многу лошо, но дека се очекува целосно да закрепне.

Би можело да ве интересира

Мадона на последниот концерт призна: Се соочува со уште еден здравствен проблем

Предраг Петровиќ

Мадона на бизарен начин се обиде да се скрие од новинарите

Предраг Петровиќ

Мадона : „Среќна сум што сум жива, љубовта од семејството и пријателите е најдобар лек

Предраг Петровиќ

Нови детали за опоравувањето на Мадона

Се чуваше во тајност: Пред да ја најдат во бесознание , Мадона работела на таен проект

Предраг Петровиќ

Мадона итно примена во болница