(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Наумоски од парите на жителите на Ѓорче Петров дава 12.3 милиони денари за вработување на партиските пајташи

Од:

Ништо од чистката на СДСМ. Проблемите на граѓаните само се зголемуваат, а главен виновник за тоа е власта. Ѓорче Петров 2 години е
заборавена општина. Нема проекти, нема инвестиции. Локалните челници на СДСМ секојдневно земаат се поголем замав и наместо да ги исполнат барањата на граѓаните тие единствено работат за своите лични интереси, рече на денешната прес конференција Бојан Стојаноски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Жителите на Ѓорче Петров гласаа против расфрлањето со народните пари, против настапите на Наумоски по локалните кафеани, гласаа против градоначалник кој е недостапен за народот, против зграда во реонскиот парк, против загаден воздух и против луксузниот џип на градоначалникот купен од градоначалничката зголемена плата.

Жителите на Ѓорче Петров се уште ги очекуваат ветените проекти од кој досега нема ни трага ни глас. Нема ништо од градинката во Волково, го нема ни ветениот кружен тек на сред село во Волково, нова амбуланта во Дексион не е ни на повидок, нема ни спортска сала во Хром, исто како што нема ни нов голем трговски центар, нема музеј на современа уметност, ниту пак нов театар, нема пазар во населбата Даме Груев, а нема ни стипендии за млади. Нема ништо од она што беше ветено, а за што граѓаните ги гласаа. СДСМ и Наумоски ги излажаа граѓаните на Ѓорче и потрошија две години од нивните животи на стагнација на општината.

Наместо пари за нови проекти, Наумоски од парите на жителите на Ѓорче Петров дава 12.3 милиони денари за вработување на партиските пајташи.

Би можело да ве интересира

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?