Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 18.05.2019 година во периодот од 14.00 до 19.00 часот спроведе зајакната акциска контрола по прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли. При контролата, полициските службеници откриле 12 прекршоци што ги сториле возачи на мотоцикли и тоа: еден управување мотоцикл без возачка дозвола, два – измината важност на сообраќајна дозвола, три – управување со несоодветна категорија и шест – управување без заштитен шлем (кацига). Во однос на овие прекршоци издадени се 12 прекршочни платни налози.
Дополнително се откриени уште 97 останати прекршоци и за 62 од нив издадени се мандатни платни налози и за 35 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 08.12.2018 година во периодот од 06,00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. 58 возачи ја пречекориле брзината во населено место, додека ниту еден надвор од населено место. Издадени се 45 мандатни платни налози, а 13 возачи се писмено опоменати. Откриени се и 79 останати прекршоци за кои се издадени 43 мандатни платни налози и 36 прекршочни платни налози.