Соборот на СПЦ е за дијалог со МПЦ

Од:

Светиот архиерејски Собор на Српската православна црква на годишното заседание што заврши вчера во Белград, ја разгледа состојбата на српските цркви во регионот, при што е констатирано, како што се наведува во соопштението, „анимозитет и дискриминација во однос на СПЦ во поголема или помала мера, речиси насекаде – во Хрватска, Босна и Херцеговина, Северна Македонија“.

Во соопштението на Светиот архиерејски Собор на СПЦ, се наведува дека тоа посебно се констатира во Црна Гора, каде неодамна е потрврден антиевропски и антицивилизациски предлог-закон за црквите и верските заедници.

– Секако, насекаде – и во Црна Гора, и во Хрватска и на друго место, има не малку чесни поединци и цели заедници кои се залагаат за правда и слобода на сите, се наведува во соопштението на Соборот на СПЦ.

Архиереите ја истакнаа, како што се наведува во соопштението, и „тешката состојба на автономната Охридска архиепископија во Северна Македонија, каде во моментов нема директен прогон на архиепископот Јован, епископ, клирик, монах и верник“, но, како што посочуваат, „над глава им виси Дамоклов меч на нов судски прогон“.

– Наспроти тоа, српската Црква и натаму, како и досега е за дијалог со тамошната Црква, која веќе со децении е во раскол и за решавање на проблемот на автентична канонска основа, се наведува во соопштението на Соборот на СПЦ.

На годишното заседание на Српскиот архиерејски собор, е истакнато, меѓудругото, дека најголемиот проблем на Православната црква денес е црковниот раскол во Украина и промашениот обид на Цариградската патријаршија тој проблем да го реши на своја рака, без дијалог со канонската Црква во Украина и со Руската православна црква во целина и без сеправославно советување.

На Соборот, што почна на 8 мај во Жича, а продолжи во Белград, се разгледани тековни прашања од црковниот живот и односите на СПЦ со другите цркви и верски заедници во Србија и регионот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Вучиќ: Не можеме вечно да чекаме за членство во ЕУ

(ВИДЕО) Историски сцени од Белград: Километарски колони верници чекаат да се поклонат на појасот на Пресвета Богородица

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Верувам и дека достоинството, идентитетот и принципиелноста не треба да се пречка за европската перспектива

Предраг Петровиќ

Кошта: Усвојувањето на уставните измени останува единствен начин за почнување на пристапните преговори

Приведен Стефан Богоев и повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание, положба и углед за стекнување имотна корист од големи размери

Предраг Петровиќ