А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Галена Николовска-Ризвановиќ
Македонија

Консензус има, ама волја за наркотестови за пратениците нема

by Галена Николовска-Ризвановиќ18/05/2019 - 15:2318/05/2019 - 15:34340
Share0

Консензус за нарко тестирање има , ама волја за создавање правен основ нема. По гласните повици и партиски прес -конференции за добороволно тестирање на пратениците во понеделник , од власта и опозицијата денеска не кажуваат дали ќе бараат законски измени со кои ќе се овозможи лекарски тим во Собранието да спроведе тестирања за наркотици врз пратениците, откако вчера претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на незавсината пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека нема законска можност да се реализира.

Добивај вести на вибер

Од пратеничката група чиј координатор е Елизабета канческа Милевска денеска не одговаараат на повиците, а молчат и од СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат во понеделник ќе се координираат со раководството и со пратеничката група за да се договорат како ќе постапат. Јавно го повикаа пратеникот Павле Богоевски да направи тестирање на свој трошок и да поднесе оставка.

„Богоевски, итно, сам, повлечи се од Парламентот! Со тоа што тргуваш на нарко пазарот, ги прекршуваш сите етички, морални човечки норми. Исто така, веднаш повлечи се од комисиите каде си со тоа што поседуваш безбедносен сертификат, а понатаму на свој трошок побарај испитување во МАНУ извршено преку влакно од коса и тоа веднаш! Резултатот од тестирањето сепак не те амнестира од соработка со нарко подземјето, а со тоа и од неподобноста, недостојноста за пратеничката функција“, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во образложението од кабинетот на собранискиот спикер Џафери се наведува дека во Законот за пратениците, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот , нема правен основ според кој би можело да се реализира иницијативата на независната пратеничка група. Од таму порачаа и дека пратениците и вработените во Собранието одат на редовни годишни систематски прегледи, кои се потврда за нивната здравствена состојба.

Иницијативата до Собранието ја достави „независната осумка“, а идејата експресно беше прифатена од ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ. Барањето следува по реакциите во јавноста за објавената аудио снимка на руската социјална мрежа „Вконтакте“ под наслов „Павле Богоевски нарачува кокаин“.

Според Богоевски станува збор за нелегално направена снимка во такси кога тој нарачувал масло од канабис за медицинска употреба за негова блиска личност. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка, а дел од пратениците од СДСМ кои застанаа во одбрана на Богоевски сметаат дека скандалот е злоупотребен за политички цели поврзани со пратеничкиот мандат на Никола Груевски, што највеорјатно во понеделник ќе биде на седница на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања со која претседава Павле Богоевски.

Г.Н.Р.

pavle bogoevskisobranie

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски10/01/2026 - 11:0810/01/2026 - 11:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен