Парламентарни избори во Австралија

Од:

Околу 11 милиони Австралијци денеска гласаат за избор на нов состав на австралискиот Федерален парламент, по 36-дневна изборна кампања во која главни теми беа климатските промени и состојбата во економијата.

Жителите на Австралија избираат 40 од вкупно 76-те членови на Сенатот и сите 151 членови во Претставничкиот дом. За сенаторските места се борат 458, а за членови на Долниот дом вкупно 1.056 кандидати.

Главната битка сепак ќе се води за Претставничкиот дом, бидејќи партијата или коалицијата што ќе освои мнозинство во него ќе добие мандат да формира Влада.

Како што јави ДПА, последните анкети на јавното мислење покажуваат дека опозициската левоцентристичка Лабуристичка партија на поранешниот синдикален активист Бил Шортен најверојатно ќе извојува тесна победа над владејачката конзервативна коалиција на Либералната и Националната партија, предводена од премиерот Скот Морисон.

Владејачките конзервативците во кампањата ветуваа платформа на стабилност и на подобро управување со економијата, додека лабуристите најавуваа засилена борба против климатските промени.

Гласањето, кое се одвива на околу 7.000 избирачки места во континенталниот дел на земјата и во прекуморските територии, вклучително и на Антарктикот, започна во 8 часот по локално време и ќе трае до 18 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа

Парламентарни избори во Австралија

Од:

Избирачите во Австралија гласаат денеска на парламентарни избори, на кои според последните анкети се очекува победа на конзервативците, по шестгодишното владеење на лабуристите, одбележано со економски процут, но и со внатрешни судири.

Резултатите од последните анкети покажуваат дека Конзервативната коалиција на Тони Абот ќе оствари голема победа над Лабуристичката партија на премиерот Кевин Рад.

Коалицијата може да очекува 53 проценти од гласовите на изборите во споредба со 47 отсто за лабуристите, покажува анкетата спроведена на барање на австралискиот весник „Дејли телеграф“.

Според истражувањето конзервативците би можеле да освојат 87 места, а лабуристите 50 во 150-члениот Претставнички дом, што е за 71 место помалку во однос на нивната сегашна застапеност. Лабуристите владеат со земјата од 2007 година.

Гласањето во Австралија е задолжително, се одржува во сабота, но целиот изборен процес веќе е почнат во оддалечените, изолирани делови.

На изборите учествуваат и околу 50 мали партии, со свои кандидати, а меѓу нив најпознат е основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

Тој се кандидира за место во Сенатот во австралиската држава Викторија. Асанж пред неколку недели изјави дека е горд на поддршката, која ја ужива во својата татковина.

Пребегнатиот поранешен хакер за теливизијата „Тен нетворк“ од еквадорската Амбасада во Лондон, каде моментално престојува, изјави дека неговата популарност не се одразила позитивно врз владејачките лабуристи.

Австралиската Влада ги поддржува САД, кои ја осудија страницата Викиликс, поради објавување на стотици илјади доверливи американски документи.

Според истражувањето на сиднејската агенција за испитување на јавното мислење „УМР рисрч“, на која Лабуристичката партија и ги доверува и своите интерни анкети, 26 отсто од австралските избирачи ќе гласаат за Асанж или за други кандидати на партијата на Викиликс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа