СДСМ: Летонија го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО

Од:

„Парламентот на Летонија го усвои законот со кој се ратификува Протоколот за пристапување на нашата држава во НАТО.

Со тоа, Летонија е тринаеста земја членка која даде зелено светло за пристапување на нашата држава во најмоќниот безбедносен сојуз.

Истовремено, Владата на Естонија го одобри протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, а во наредната фаза тој ќе биде ратификуван и во Парламентот на Естонија.

Процесот на ратификација на Протоколот се одвива со добро темпо, а откако ќе биде усвоен од останатите земји членки Република Северна Македонија станува 30 членка на НАТО.

Се остварува децениски државен и национален интерес за полноправно членство во најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Членството во НАТО покрај безбедност и стабилност со себе носи и повеќе инвестиции, економски раст и развој, а сето тоа значи повеќе пари кај граѓаните.

Како одговорна, државотворна партија остануваме посветени на реализација на врвните стратешки интереси и обезбедување на сигурна, безбедна иднина за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот