(ВИДЕО) Мицкоски: Заев филмски и кинематографски ја најавуваше метлата која требаше да заигра уште првиот ден после вториот круг, но тој првиот ден прво се одмори

Од:

На власт се измамници кои ги искористија и упропастија сите дадени шанси и можности и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да застане затоа што има задача да ја крене државата од пустошот кој СДСМ го прави секојдневно, истакна Мицкоски денеска во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба, каде оствари средба со граѓани,членови и симпатизери на партијата.

Нема застанување, нема калкулации, имаме задача да ја кренеме земјата од пепелот во кој ја оставаат и пустошот кој го прави оваа власт со секој поминат ден. Реалноста значи дека имаме работа со луѓе кои се измамници, луѓе кои ги искористија, прокоцкаа сите шанси и сите дадени можности, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Заев филмски и кинематографски ја најавуваше метлата која требаше да заигра уште првиот ден после вториот круг, но тој првиот ден прво се одмори, а третиот ден после вториот круг го грабна моторот, и заедно со другарите си отиде на неколкудневна прошетка низ Балканот, да си се одмори, па откако се врати изјави метлата ќе заиграла во јуни или за неколку месеци.

Се знае дека нема подобро со оваа власт и дека метлата во која се колнеше премиерот Заев е само уште една проѕирна лага. Откако во првиот круг ги виде резултатите од изборите, на кои претходно велеше дека блескаме, вети дека ќе прави метла. Завршија изборите, наместо метла отиде на одмор. А таквата, метлата ќе ја правел по еден месец. Но не е до метлата, туку до тој што треба да измете. Тој човек треба да си замине, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека власта секојдневно ја уништува државата и со својата непринципиелност создава зад себе чемер и јад и неморал кој ги урива вредностите, но за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ е поинакво и негова обврска заедно со народот е да се избори за подобра иднина на Република Македонија и за решавање на проблемите на граѓаните.

Ние сме тие кои заедно со народот ја имаме обврската да се избориме за иднината на земјата, да обезбедиме напредок, и решавање на проблемите. И ние тоа ќе го направиме. Заедно и силно, за нашата Македонија, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати